Сопругата на Дино Дворник: Велат дека го убив со дрога, но вистината е дека јас му го спасив животот многупати

Фото: Инстаграм, Даниела Дворник

Дино и Данијела Дворник беа во брак цели две децении, а нивната љубовна приказна започнала уште во нивната најрана младост. Во разговор за „Слободна Далмација“, Даниела откри нови детали од животот со „кралот на фанкот“.

Како што вели во разговорот, таа и Дино се договориле да го „спасува“ од дружбите со луѓето после концертите, поради што некои од нив ја доживувале како лоша.

„Секогаш бев лоша во очите на другите, бидејќи секогаш се вадеше на мене. Кога некој ќе седнеше и ќе почнеше да му досадува, на пр. после концерт, ние веќе имавме осмислено сценарио. Јас почнував да велам ‘Дино, мене ми се спие, јас би сакала да си одиме дома…’. Така го спасував од оние кои му досадуваа, а јас бев лоша во нивните очи.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danijela Dvornik (@danijeladvornik)

„Прифатив да мислат сѐ и сешто за мене. Најлошиот дел од таа работа е што луѓето те газат. Потоа велат ‘Жена му го уби со дрога’. Јас го убив? Па, јас му го спасив животот! Му го спасив животот многупати. Не само од дрогата, туку и од алкохолот и од таквите луѓе“, потенцира Данијела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danijela Dvornik (@danijeladvornik)

Данијела раскажува дека Дино бил прилично нормален во кругот на семејството, но дека „морал да ги исполни очекувањата на другите луѓе“ кога ќе се појавел во јавност.

„Ако бев толку лоша, тогаш зошто беше со мене 20 години? Па, можеше да ме остави кога и да посакаше, но не го направи тоа. Милион луѓе знаеа да ми речат ‘Тој е прекрасен, но не би бил со него ни пет минути’. Но, Дино не беше таков секој ден. Дома беше најнормална личност“, открива таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот