
ВИДЕО | Ќерката на актерските легенди јавно призна: Го излажав татко ми дека одам на терапија, но всушност отидов да ја изгубам невиноста
Младата актерка Маја Хок (24) во текот на гостувањето во „Гледајте што се случува во живо“ (Watch What Happens Live) откри дека влегла во неволја со нејзиниот татко, холивудскиот актер Итан Хок бидејќи го лажела како тинејџерка. Маја се „отвори“ во текот на генерациската игра со прашања и одговори со колегата гостин, 67-годишниот Брајан Кранстон.
Препорачано
„Која беше најтешката неволја во која се најдовте како тинејџери?“ праша водителот Енди Коен за време на сегментот „Средно училиште јас!“ кој го опфаќа средношколскиот период.
„Ох, лажев дека одам на терапија, но всушност отидов да ја изгубам невиноста“, рекла Маја.
Енди бил шокиран од ова откритие, а Брајан драматично рекол: „И јас исто така“.
„Не можам да поверувам дека го кажав тоа, но тоа е вистина. Татко ми беше многу, многу вознемирен“, рекла Маја.
Енди истакнал дека 52-годишниот Итан само знаел дека не отишла на терапија, но не и дека причината била губењето на невиноста.
„Не, и навистина ме измачи. Ме прашуваше: „Каде беше? Каде отиде?““, рекла Маја имитирајќи го својот татко со груб глас и додала: „Одговорив: „Како можам да имам тајни ако не ми е дозволено да кажувам лаги?““.
И Енди и Брајан биле воодушевени од нејзиниот одговор.
„Леле, тоа е толку добра реплика“, рекол Енди, а Брајан забележал: „Ставете го тоа на налепница сега“.
Маја е една од најдобрите актерки на новата генерација, а е ќерка на холивудските актери Ума Турман и Итан Хок.

Инаку, Маја и Брајан учествувале во „Браво ток-шоуто“ за да го промовираат нивниот претстоен филм „Asteroid City“ во режија на Вес Андерсон.
„Мојата најтемна тајна“: Ума Турман откри своја тинејџерска траума
Маја е ќерка на ПОЗНАТ ХОЛИВУДСКИ ПАР: Ќе ве изненади колку личи и на двајцата