Фото: Инстаграм/ Kim Kardashian

ВИДЕО | Ким Кардашијан во бизарно „празнично“ видео: Со разголен задник и отворено деколте лази покрај Исус

Ким Кардашијан доби многу критики откако објави малку бизарен спот за песната „Santa Baby“.

На видеото таа цело време лази по подот во откопчана кошула и хеланки под кои ѝ се гледаат танга гаќички. На крајот стигнува до Дедо Мраз, кој го игра Меколи Калкин.


Видеото го режираше Надија Ли Коен и Чарли Денис, а продуцираше Тревис Баркер. Следеа негативни реакции во коментарите.

„Вака го замислувам пеколот“, „Вака мора да се чувствувала кога се будела на забавите на Диди“, „Не земам доволно лекови за да најдам уметност во ова“, „Само мислев дека не сум видел ништо демонско од Ким во последно време“ се некои од нив.

Имаше и такви кои сметаат дека нејзиното „празнично“ издание е крајно одвратно. Оваа верзија на песната „Santa Baby“ беше прикажана во третата сезона на шоуто „The Kardashians“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот