ВИДЕО | Километарски колони на „Богородица“: Нафтениот транспорт преполовен, грчките власти не реагираат

За 50 проценти е намален транспортот на нафта од Грција, а кај другите стоки за широка потрошувачка има намалување од 30 до 50 проценти, брифираат за „Слободен печат“ од Макам транс.

Од Здруженито не сакаат да прејудицираат дали на државава и се заканува недостиг на бензини, но додаваат дека се ќе зависи од тоа колку ќе трае ваквата состојба и што ќе решат грчките власти. Според информациите од возачите, денес пред граничниот премин Богородица-Евзони, колоните и натаму се огромни и достигаат до Гевгелија, бидејќи за секој влез во Грција, мора да се добие код, откако ќе се најавите на електронската страница.

Редиците се најголеми во среда и четврток, за пред викендите да се изврши поголем дотур на стоки. Инаку, на грчката страна, ПЦР тестови прават две здравствени екипи, иако беше најавено дека нивниот број ќе се зголеми, а работното време и натаму е од 6 до 18 часот.

-Нафтениот транспорт е редуциран за 50 проценти, а камионџиите тешко може да најдат термин за влез во Грија од денес за утре. Се е во рацете на грчките власти и се зависи од нивната одлука. Јасно е дека тестирањето ќе остане, но барем да се отвори преминот 24 часа. Голем проблем е и тоа што се бара посебна апликација за секој камион, па така ако некоја фирма има 20 возила, не може да закаже влез одеднаш за сите, туку треба да отвори толку меил адреси. Сето ова, дополнително ја отежнува нашата работа – додаваат од Макам транс.

За проблемот, вчера претставниците на Макам транс имале состанок со претставници на ЕУ, а реакција стигна и од Транспортната заедница и од Секретаријатот на ЦЕФТА. Овие меѓународни институции отворено предупредуваат дека неможноста за увоз на нафтени деривати од Солун, потенцијално може да доведе до недостаток на нафта во Македонија, што може да има негативно влијание врз економијата и домино ефект врз целокупната состојба на Западен Балкан. Свесни за потребата на властите да преземат соодветни мерки за заштита на јавното здравје и ублажување на притисокот врз здравствениот систем, ТЗ и ЦЕФТА, предложија решение што ќе обезбеди континуиран и непрекинат проток на основни добра, придржувајќи се на санитарните правила во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот