Кијану Ривс - Фото: Принтскрин/ТикТок

ВИДЕО: Кијану Ривс се најде во небрано: Актерот имаше незгоден момент на доделувањето на наградите „Тони“

Незгоден момент за Киану Ривс (60) стана вирален откако на сцената за време на неговиот настап на доделувањето на наградите „Тони“ на неговиот стол скокна бродвејска ѕвезда Џонатан Гроф. Ривс седеше удобно на своето место во Радио Сити Мјузик Хол во Њујорк, без да прептпостави што ќе се случи, додека Џонатан Гроф ја изведуваше енергичната верзија на „Мек ножот“ (Mack The Knife) од мјузиклот „Just In Time“.

@tv_line Jonathan Groff gets up close and personal with Keanu Reeves at the #TonyAwards #keanureeves #jonathangroff #tonys #2025 #cbs ♬ original sound – TVLine

Гроф, кој глумеше со Ривс во филмот од 2021 година „The Matrix Resurrections“, скокна на столчето на Ривс, со нозете од двете страни пред лицето на актерот, и продолжи да пее. Исплашен Ривс вресна и го погледна Гроф, кој буквално беше над неговта глава. Гроф разиграно го зграпчи за градите и скокна од столчето.

Воодушевените обожаватели ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а еден напиша: „Џонатан Гроф се качи на Кијану Ривс среде публиката и го јаваше за време на неговиот настап на Тони, Боже мој, лол“.

Други коментираа: „Кијану Ривс веќе ги освои наградите Тони со овој момент“, „Џонатан Гроф одлучи да ја искористи својата шанса со Кијану Ривс и јас го почитувам тоа“, „Флертувањето на Џонатан Гроф со Ривс беше неочекувано, но јас сум воодушевен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот