
ВИДЕО | Киднапирано е дете во САД, таткото побегнал наместо да помогне
Во Милвоки, САД, дете било киднапирано пред својата куќа, додека таткото избегал во куќата. Видеото од инцидентот предизвика огромна осуда на социјалните мрежи, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Седумгодишниот Џамал Вајт се возел со велосипед кога бел џип запрел пред неговиот двор. Од возилото излегле двајца мажи, го фатиле и го внеле во џипот. Во тој момент, неговиот татко, наместо да се вмеша, избегал во куќата. Неколку секунди подоцна, се вратил, но наместо да се обиде да му помогне на синот, го затворил багажникот на автомобилот.
„Да, секако дека избегав. Побегнав затоа што мислев дека сакаат да ме ограбат, а не да ми го земат детето“, напиша таткото на Фејсбук, неколку часа по киднапирањето.
Киднапирањето се случило околу 19 часот, но системот за итни случаи „Амбер алерт“ бил активиран дури по полноќ, речиси пет часа подоцна. За среќа, момчето било пронајдено живо помалку од 24 часа подоцна, во куќа оддалечена само 10 километри од местото каде што било одведено.
За време на потрагата се случила и престрелка. Две лица, осомничени за киднапирањето, наводно биле застрелани, а полицијата уапсила три лица – меѓу нив и чичкото на детето, кој наводно пукал кон момчето и неговиот татко.
Откако детето било безбедно вратено дома, таткото повторно се огласил на Фејсбук:
„Не грижете се, двајцата сме живи. Моето дете е живо, се обиде да избега, како што го учев. Треба да ме фалите, а не да ме критикувате.“
Но наместо поддршка, неговата објава предизвика жестоки реакции.
„Твојот син треба да те претепа кога ќе порасне и ќе дознае што си направил“; „Дали барем трчаше по колата?“ – се само дел од коментарите кои го осудуваат однесувањето на таткото.