
ВИДЕО | Кејт Мидлтон откри како се справува со стресот поради ракот: „Мирот го барам во природата“
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откри како се справува со стресот откако минатата година ѝ беше дијагностициран рак. На Јутјуб каналот на Кејт и Вилијам, како и на Инстаграм, објавено е кратко видео на кое принцезата се дружи со извидници на езерото Виндермер во Велика Британија.
Препорачано
Кејт за време на разговорот со главниот извидник Двејн Филдс рече дека чувствува длабока духовна и емоционална поврзаност додека е во природа, што ѝ дава „чувство на мир во овој многу ангажиран свет“.
View this post on Instagram
Како што рече, не сите гледаат на ист начин на поминувањето време во природа, но нагласи дека тоа ѝ е многу важно. Покрај чувството за поврзаност, таа вели дека наоѓа рамнотежа и во природата.
View this post on Instagram
Да потсетиме, принцезата во јануари објави дека ракот, кој ѝ беше дијагностициран минатата година, е во ремисија.
„Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој на кого му е дијагностициран рак, потребно е време да се прилагодите на новата нормала“, рече таа во изјавата објавена на Инстаграм.
„Мојата искрена благодарност до сите што тивко одеа покрај мене и Вилијам додека минувавме низ сето ова“, продолжи таа. „Не можевме да бараме повеќе. Грижата и советите што ги добивме за време на моето боледување беа исклучителни. Таа додаде дека се радува на исполнета година што ѝ претстои: „Има многу да се очекува. Ви благодариме на сите за континуираната поддршка“.