Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ВИДЕО | Кејт и Вилијам се обидоа да го скријат јавноста но неуспешно: Принцезата случајно го откри новиот член на семејството?

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон сподели видео на социјалните мрежи по повод „Денот на мајката“, а по тешката година и нејзината борба со ракот, се чини дека дојде време семејството малку да се опушти. Во објавата меѓу другото, таа ги покажа и природни убавини на Велика Британија.

– Во текот на изминатата година природата ни беше прибежиште. Овој ден на мајката, ја славиме мајката природа и  препознаваме како нашата врска со природниот свет може да помогне не само да го негуваме нашето внатрешно јас, туку и да не потсети на улогата што ја играме во богатата таписерија на животот. – напишала принцезата.

На видеото, принцезата ја гали кората на дрвото, но нејзиното лице не се гледа, додека принцот Вилијам е снимен одзади во придружба на нивното семејно куче Орло. Сепак, острото око на обожавателите на кралското семејство не пропушти да забележи уште едно куче „кокер шпаниел“ во чоколадна боја, кое кралската двојка до сега го криеше од јавноста.

Појавата на мистериозно куче во видеото што го сподели принцезата од Велс предизвика контроверзии на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), а повеќето се убедени дека семејството е проширено за уште еден член, поточно ново милениче.

– „Момци, Орло има нов брат или сестра“, „Па, ова е одлично“, „Дали некој го знае името на новото милениче?“, „После се што поминала, новото кученце е вистинска радост за принцезата. Можам само да замислам колку беа среќни Џорџ, Шарлот и Луис – беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Британскиот принц Вилијам еднаш откри дека неговиот миленик кокер шпаниел, Орло, често спие покрај неговиот брачен кревет. Тие го добија како подарок во 2020 година од братот на Кејт, Џејмс Мидлтон, кој е познат одгледувач на кокер шпаниел. Многу е веројатно дека новото кученце во боја на чоколадо пристигнало од леглото на братот на принцезата, пренесуваат медиумите.

За потсетување, Кејт имаше операција на стомакот во јануари минатата година кога и беше дијагностициран рак, а до септември истата година примала превентивна хемотерапија. Нема сомнеж дека нивното куче и правело друштво во најтешките моменти, а како љубители на големи животни тие одлучиле  да го прошират своето семејство со уште едно домашно милениче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот