Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Доли Партон прави пауза од музиката по смртта на долгогодишниот сопруг Карл Дин

„Не можам да си го дозволам луксузот да бидам емотивна, па затоа ќе паузирам“, призна 79-годишната кантри икона Доли Партон во новата епизода од поткастот „Клое во земјата на чудата“ на Клое Кардашијан во среда, мислејки на .

Ова е само привремено

„Не можам да го направам тоа во моментов затоа што имам толку многу други работи што не можам да си го дозволам луксузот да бидам емотивна во моментов“, рече таа.

И покрај тоа што засега „паузира“, таа вети дека нејзината музичка кариера нема да престане засекогаш, туку би сакала да ја „стави во мирување“.

Партон и Карл Дин беа во брак речиси 60 години во времето пред неговата смрт. Тој имаше 82 години, а веста за неговата смрт ја сподели на Инстаграм.

„Карл Дин, сопругот на Доли Партон, почина на 3 март во Нешвил на 82-годишна возраст. Ќе биде погребан на приватна церемонија во присуство на најблиското семејство. Карл и јас поминавме многу прекрасни години заедно. Зборовите не можат да ја опишат љубовта што ја споделувавме повеќе од 60 години. Ви благодарам за вашите молитви и сочувство“, се вели во објавата. Таа, исто така, побара приватност во овој тежок период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

Нивната љубов почнала во 1964 година пред перална. Доли имала 18 години и живеела со нејзиниот чичко Бил. Таа штотуку се преселила во Нешвил и се обидувала да продолжи со својата музичка кариера.

„Мојата прва мисла беше: „Ќе се оженам со таа девојка““, изјави Дин за „Ентертејнмент тунајт“ за нивната средба во 2016 година.

„Мојата втора мисла беше: „Боже, изгледа добро. И тој ден започна мојот живот. Не би ги менувал последните 50 години за ништо на земјата.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот