Фото: Arthur Bargan / Alamy / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Како треба правилно да се пресади орхидејата? Експертите откриваат сѐ што треба да знаете

Грижата за орхидеи се смета за најкомплицирана во редовни, домашни услови каде што не сите имаат многу време да им посветат. И, покрај тоа што ги следите советите за одгледување, често овие цвеќиња ви се сушат и скапуваат…

Ова е едноставен совет за пресадување на орхидеја со кој ќе ги освежите корените на вашето растение, ќе ѝ ја даде потребната свежина и наскоро ќе процвета и ќе изгледа како растението што сте го купиле во цвеќарницата.

Еднаш годишно, нежно извадете го растението од саксијата и потопете го во млака вода, така што сите остатоци од старата подлога ќе паднат од коренот. Кога ќе го направите ова, по максимум еден час потопување на растението во вода, отсечете ги сите корени што се исушиле и отсечете ја старата гранка каде што имало цветовите.

Следниот чекор е да го ставите растението во саксија и да ја наполните со нов супстрат. Не заборавајте да ги оставите сите воздушни корени надвор од садот.

Патем, орхидеите се најбогатото семејство на ангиосперми и во исто време второто по големина семејство на растенија на планетата. Нивниот број од дваесет илјади видови, вклучувајќи ги и хибридните форми создадени со вкрстување на веќе познатите, е фасцинантен. Елеганцијата и нежниот изглед на овие растенија зрачи со елеганција и убавина и ги привлекува сите љубители на цвеќиња.

Орхидеите имаат фасцинантен спектар на бои и нивната неверојатна комбинација, почнувајќи од снежно бела, преку светло црвена и небесно сина, жолта, виолетова до потемни нијанси. Иако некогаш се сметале за многу недостижни растенија, бидејќи орхидеите се егзотични и тропски растенија кои потекнуваат од Југоисточна Азија, денес е поинаку. Со соодветна грижа и многу љубов, орхидеите можат да цветаат во секој дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот