Фото: Jazz Archiv Hamburg / Hardy Schiffler / akg-images / Profimedia

ВИДЕО | Како Мајкл Џексон го промени текот на Суперболот и започна „ера“ на незаборавни шоуа

Суперболот секоја година привлекува голем број гледачи поради уникатното шоу, а еден од најзаслужните за ваквите спектакли е Мајкл Џексон.

Од самиот почеток на Суперболот, многу светски познати личности имаа свои настапи на полувремето, но до настапот на Мајкл Џексон, на сила беше застарен концепт кој не привлекуваше голем број гледачи.

Пред видот на шоуто што се гледаше на Супербол во последните години, публиката можеше да гледа монотони изведби, што доведе до пад на гледаноста, па НФЛ одлучи дека атмосферата на полувремето мора да стане поголем приоритет.

Според тоа, на врвот на кариерата, на Мајкл Џексон му била понудена можност да настапи на Супербол, а тој се согласил да биде дел од шоуто под услов тој и Дон Мишер да бидат продуценти и режисери.

Зборувајќи за настапот на Џексон, Мишер истакна: „Мајкл и јас работевме заедно на многу емисии, и тој навистина знаеше како да го постигне тоа што го сакаше“.

Во 12-минутниот настап, Џексон создаде незаборавен спектакл на Суперболот во 1993 година. За време на својот настап, тој се искачи на врвот на бината, а потоа остана „замрзнат“ во една поза 90 секунди и му наложи на Дон Мишер остатокот од тимот да го започне шоуто кога тој ќе ги извади очилата.

Со енергична изведба и уникатни танцови потези, Џексон ја доведе атмосферата до кулминација и со својот настап ги постави темелите за незаборавното шоу кое го направи Супербол препознатлив низ годините.

За потсетување, на овогодинешниот Супербол настапи раперот Кендрик Ламар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот