ВИДЕО | Јовановски: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е полна со противречности

Мирче Јовановски - новинар / Фото: „Слободен печат“ / Методи Здравев

Уредникот и новинар Мирче Јовановски анализирајќи ги промотивните најави на изборната програма на ВМРО ДПМНЕ вели дека има повеќе противречности.

Како највидлива е онаа најавa на лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој најави линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, додека членот на извршниот одбор професорот Трајко Славески на истата таа трибина јасно порача дека пензионерите треба да имаат умерени барања и дека треба да се постигне нов општествен договор со пензионерите.

Според Јовановски има уште најмалку две противречности во оваа програма на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Како прво вели Јовановски се најавите за намалување на данокот на добивка. Според него во рамките на ОЕЦД се заговара унисоно ниво на данок на добивка од 15 проценти.

-Петнаесет проценти мислам дека е глобалната стапка. Македонија секако е суверена држава и има право да креира своја даночна политика, но овој договор предвидува доколку државата оданочи со помала стапка како на пример 10, 8 или 5 проценти, разликата до 15 проценти компанијата што работи во Македонија ќе си ја плати во нејзината матична држава. Значи за компанијата нема продобивка, вели Јовановски.

Втората противречност вели Јовановски во интервју за „Слободен печат“ е најавата дека ќе се формира некаков фонд за општините од 250 милиони евра. Според планот на ВМРО-ДПМНЕ општините ќе треба да конкурираат со свои проекти, а Владата да ги финансира. Тоа е спротивно на настојувањата за децентрализација, вели Јовановски.

Целото интервју со Мирче Јовановски погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот