ВИДЕО | Јокиќ направи нешто што на никој не му успеало 40 години, одличен и Дончиќ во поразот на Далас

Фото: Denver Nuggets

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ одиграа фантастични натпревари за Далас и Денвер изминатата вечер.

Дончиќ завчера стана татко откако неговата свршеница на свет ја донесе ќерката Габриела и поради тоа доби ден одмор, а против Оклахома се врати на паркетот. Неговиот тим загуби со 120:126, меѓутоа Дончиќ дојде до својот втор трипл-дабл сезонава.

Натпреварот Дончиќ го заврши со 36 поени, 15 скока и 18 асистенции. Сепак, тоа не беше доволно да се спречи неуспехот на „телињата“.

Никола Јокиќ во победата на Денвер против Сакраменто од 117:123 дојде до осмиот трипл-дабл сезона со учинок од 36 поени, 13 скока и 14 асистенции, а истовремено одново влезе во историјата со нешто што никој не го направил последните 40 години.

Српскиот репрезентативец два натпревари по ред дојде до двоцифрен учинок во три статистички категории и тоа со најмалку 30 постигнати поени, а при тоа да нема ниту една загубена топка, што одамна не се памети во најсилната лига на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот