
ВИДЕО | Јокиќ го водеше Денвер до убедлива победа над Оклахома
Кошаркарите на Денвер ја совладаа Оклахома со 140:127 во НБА лигата за вкупно 42. победа оваа сезона.
Препорачано
Српскиот кошаркар на Нагетс, Никола Јокиќ беше еден од најдобрите поединци на натпреварот со уште еден дабл-дабл учинок.
Јокиќ постигна 35 поени, запиша 18 скокови и осум асистенции. За Денвер Џамал Мареј имаше 34 поени, а двоцифрени беа и Мајкл Портер Јуниор со 17, Пејтон Вотсон и Расел Вестбрук со по 16 и Кристијан Браун со 14 поени.
Најдобар играч на Оклахома беше Лу Дорт со 26 поени, а Шеј Гилџес-Александер натпреварот го заврши со 25 поени.
Во Западната конференција Денвер е на второто место (42-23), зад водечката Оклахома (53-12).
НБА лига, резултати:
Атланта – Филаделфија 132:123
Бостон – Јута 114:108
Бруклин – ЛА Лејкерс 111:108
Мајами – Шарлот 102:105
Торонто – Вашингтон 119:104
Чикаго – Индијана 121:103
Хјустон – Орландо 97:84
Мемфис – Феникс 120:118
Оклахома – Денвер 127:140
Сан Антонио – Далас 129:133
Голден Стејт – Портланд 130:120
Сакраменто – Њујорк 104:133
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
42мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5