фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

ВИДЕО | Јокиќ блескаше со 40 поени во првиот триумф на Денвер

Кошаркарите на Денвер нагетс го победија Торонто репторс со 127:125 по продолжението на гостински терен во НБА лигата.

Најголем придонес во триумфот имаше српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој запиша 40 поени, 10 скокови и четири асистенции.

Ова е прва победа сезонава за Нагетс, откако претходно беа поразени од Тандер и Клиперс.

Во победничкиот тим Кристијан Браун и Џамал ​​Мари постигнаа по 17 поени, а Арон Гордон се истакна со 16 поени, 11 скокови и осум асистенции.

Кај Репторс, предводен од српскиот тренер Дарко Рајаковиќ, Скоти Барнс забележа 21 поен, 12 скокови и девет асистенции, а Ар Џеј Берет реализираше 20 поени.

НБА лига, резултати:

Орландо – Индијана 119:115
Атланта – Вашингтон 119:121
Бостон – Милвоки 119:108
Мајами – Детроит 106:98
Њујорк – Кливленд 104:110
Торонто – Денвер 125:127
Мемфис – Чикаго 123:126
Сан Антонио – Хјустон 101:106
Далас – Јута 110:102
Феникс – ЛА Лејкерс 109:105
Сакраменто – Портланд 111:98

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот