Фото: Скриншот/Јутјуб/Инстаграм/Дејкре Монтгомери

ВИДЕО | Ја прелажал дека е познат актер: „Мислев дека сум во врска со ТВ-ѕвезда, му испратив 10.000 долари и го напуштив сопругот“

Жена опседната со серијата „Stranger Things“ станала жртва на измама – започнала онлајн романса, се разделила од сопругот и му испратила подарок картички во вредност од 10.000 долари на некој што ѝ се претставил како актер од серијата.

Мекејла е режисерка и самохрана мајка од Кентаки, која тврди дека имала „многу токсичен“ однос со нејзиниот сопруг, па затоа се придружила на еден форум за филмаџии, со цел да запознае нови луѓе.

„Неверојатно сум возбудена што можам да се поврзам со колеги-филмаџии кои ја делат истата страст за филмската уметност. Моментално барам можност за креативна соработка и верувам дека заедно можеме да создадеме нешто несекојдневно“, напишала таа на форумот.

Мекејла / Фото: Скриншот/Јутјуб

Потоа таа добила порака од корисник по име „DK MH“, кој сакал да разговара со неа и тврдел дека е познатиот актер Дејкре Монтгомери, кој го глумеше ликот Били Харгроув во серијата „Stranger Things“.

„Само кликнавме, но секако се сомневав сѐ додека не почна да прави работи што ме натераа да му верувам“, изјави Мекејла во видеото на јутјуб-каналот „Catfished“.

Актерот Дејкре Монтгомери / Фото: Инстаграм/Дејкре Монтгомери

Иако никогаш не се запознале лично, Мекејла вели дека „Монтгомери“ секогаш се жалел на неговите љубовни проблеми. Некои од нив се дека неговата девојка Лив Полок ги контролирала сите негови банкарски сметки и дека имал финансиски проблеми, што на крајот довело до тоа Мекејла да му испрати на „Монтгомери“ 10.000 долари.

„Тоа е една работа поради која се зближивме. Со месеци ми кажуваше дека неговата партнерка го контролира и дека не ги прави работите што ги сака, дека таа е секогаш таму и го чува“, раскажала Мекејла, додавајќи дека е нешто со што може да се поврзе.

„Сочувствував со него затоа што и мојот поранешен сопруг беше таков“, тврди таа.

Мекејла и поранешниот сопруг / Фото: Скриншот/Јутјуб

По една година комуникација, „Монтгомери“ ја прашал Мекејла дали ќе биде негова девојка, иако никогаш не се запознале лично. Тој ѝ кажал дека врската ќе биде тајна бидејќи сѐ уште е во врска со Полок.

Во еден момент, измамникот ѝ поставил ултиматум на Мекејла да избере меѓу него и нејзиниот сопруг.

„Слушај, ова не функционира. Не ми дозволуваш да бидам јас, не сум слободна, мора да си одиш“, му рекла Мекејла на тогашниот сопруг.

Мекејла и поранешниот сопруг / Фото: Скриншот/Јутјуб

Откако го оставила сопругот, измамникот побарал нешто друго од неа.

„Моја кралице, можеби ми треба мала помош со пари… Лив ги контролира сите мои сметки и јас немам пристап до нив“, ѝ напишал „Монтгомери“.

Таа му праќала картички за подароци, плаќала 100 и 200 долари преку апликации и криптовалути, кои се тактики што ги користат измамниците за да го отежнат следењето на парите. Збирот на овие суми со текот на времето изнесувал 10.000 долари.

Мекејла / Фото: Скриншот/Јутјуб

Откако ја проучиле приказната на Мекејла, инспекторите дошле до заклучок дека станува збор за личност која е „романтичен измамник“. Тие воспоставуваат врска со некого за да ги направат ранливи и си играат со туѓите чувства за да добијат финансиска корист од таквиот однос.

Мекејла изјави дека не би сакала и други луѓе да се најдат во нејзината ситуација.

„Ако сте некој како мене кој се плаши од напуштање и сака да им угодува на луѓето, таквите измамници го искористуваат тоа“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!