Фото: KKÍ - Körfuknattleikssamband Íslands

ВИДЕО | Изненадување во европската кошарка: Исланд ја победи Италија

Најголемото изненадување во кошаркарските натпревари одиграни вечерва го приреди Исланд кој на гостински терен славеше победа над Италија со 74:81.

Победата Исланѓаните ја најавија со одличниот потег и вводството од 9:22 во првата четвртина. Италијанците сепак го подигнаа нивото на игра и до полувремето намалија на само три разлика (29:32).

Третиот период донесе изедначена игра, па така во последната одлучувачка четвртина Исланд водеше со два разлика. Во последниот период Исланд сепак не дозволи пресврт и на крајот се радуваше на победата.

Но, треба да се каже и дека Италија пред овој натпревар веќе го имаше обезбедено своето учество на Европското првенство.

По денешните натпревари пласманот на Евробаскетот го обезбедија и репрезентациите на: Летонија, Словенија, Израел, Турција и Шпанија.

ЕВРОБАСКЕТ КВАЛИФИКАЦИИ:
Бугарија – Црна Гора 86:90
Белгија – Летонија 83:85
Унгарија – Турција 76:81
Шпанија – Словачка 84:71
Италија – Исланд 74:81
Израел – Украина 88:75
Германија – Шведска 80:61

ВИДЕО: Унгарски кошаркар поентираше со маалска финта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот