ГТА 6 / Фото принтскрин Рокстар

ВИДЕО | Излезе трејлерот на новата „ГТА 6“

По долго време, компанијата за видео игри Рокстар конечно го објави трејлерот за една од најпознатите видео игри во историјата, „Гранд тефт ауто“ (ГТА).

Од Рокстар соопштија дека „ГТА 6“ ќе може да се игра дури во 2025 година.

Фановите кои израснаа со претходните верзии на „ГТА“ како „ГТА Сан Андреас“ и „ГТА Вајс Сити“, од 2013 година чекаат на нова игра, откако во септември таа година Рокстар ја пушти во употреба „ГТА 5“, која до ден денес е една од најиграните видео игри во светот.

Социјалните мрежи синоќа беа преплавени од возбудените фанови кои со нетрпение го чекаа трејлерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот