фото: EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

ВИДЕО: Италијанка одби да боксува против „маж“, ја напушти борбата по само 45 секунди

Италијанската боксерка Анџела Карини среде борба го предаде мечот на Иман Хелиф од Алжир во осминафиналето на Олимписките игри во Париз.

Иман Хелиф минатата година беше исфрлена од светскиот шампионат поради нејзиниот биолошки пол. Таа е родена како маж и не смеела да се натпреварува со жени. Но, таа доби зелено светло да се натпреварува на Олимписките игри во Париз во категоријата до 66 килограми, што ги налути останатите натпреварувачки.

Италијанката пред борбата ја изразила својата загриженост дека мора да се бори против биолошки докажан маж.

Карини уште на почетокот на борбата доби исклучително силен удар и веднаш реши да се откаже. Таа ја соблече опремата и клекна на подот во солзи. Таа не сакаше ниту да се поздрави со противничката.

„Сите кои учествуваат во женска категорија ги следат правилата околу подобност за натпреварувањето. Во нивните пасоши пишува дека се жени и тоа ни е доволно – рече неодамна портпаролот на МОК, Марк Адамс.

ИОК го брани учеството на трансродовите лица на Олимписките игри, други протестираат против нееднаквоста на жените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот