фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

ВИДЕО | Италија убедливо го победи Кипар на Евробаскет, Фонтекио и Спањоло први стрелци

Италијанската кошаркарска репрезентација со победа ја заврши групната фаза на Европското првенство откако убедливо го го совлада Кипар со 89:54 (24:6, 16:13, 27:24, 22:11).

Уште пред натпреварот, се знаеше дека Кипар нема што да бара против фаворизираните Италијанци. Тоа дефинитивно стана јасно по првата четвртина, која избраниците на Џанмарко Поцеко ја добија со 24:6.

Остатокот од дуелот беше рутина за Италијанците, кои само ја зголемуваа разликата и на крајот убедливо триумфираа.

Најефикасни играчи за победниците беа Симоне Фонтекио и Матео Спањоло со по 13 поени. На другата страна, Филипос Тигас беше најдобар со 15, додека Дарел Вилис додаде 10.

Италијанските кошаркари ја завршија групната фаза со учинок 4-1, а Кипар 0-5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!