
ВИДЕО | Исто како во книгите за Хари Потер: Шатор кој го крие најволшебниот Ер би-ен-би
Иако Северна Каролина за многу луѓе звучи како далечна бајка, ова е текст за сите што сакаат да фантазираат, да патуваат виртуелно и да бидат инспирирани од необични места.
Препорачано
Во планините Блу Риџ, само неколку минути од центарот на Ешвил, има Ер би-ен-би кој изгледа како да е директно изваден од книга за Хари Потер. Неговото име е Алхемија – симболично, бидејќи го трансформира обичното во магично.
View this post on Instagram
Шатор што крие магија
На прв поглед, ве чека мал грд шатор. Но, штом ќе го повлечете платното – влегувате во друг свет. Скриена лизгалка ве води директно до куќичка на дрво, совршено интегрирана во планинскиот пејзаж. Целата идеја е инспирирана од сцена од филмот „Хари Потер и Огнениот пехар“, кога обичен шатор станува цел стан одвнатре.
Ентериер како од бајка
Внатре, тоа е чудо! Турски теписи, необични ламби, ѕидови полни со текстури и бои што ги привлекуваат погледите. Огромни прозорци го врамуваат погледот кон планините, а секој агол како да има своја приказна.
Местото е полно со мали изненадувања: тајни детали, места за читање, друштвени игри, па дури и камин за раскажување приказни – идеално за вечер полна со имагинација.
@alster628 Stayed in the best #HarryPotter themed Airbnb in #Asheville!! ⚡️👓🧹🔮 #QuidditchWorldCup themed to be exact . Thanks @Treehouses of Serenity!! #quidditch #hpedit #pottertok #hp #potter #fyp #foryoupage #ilovemagic ♬ The Quidditch World Cup – Patrick Doyle
Место за уживање, а не за брзање
Кујната е целосно опремена, но тоа не е поентата. Поентата е да седите со вашите најблиски, да пиете кафе, да гледате во бескрајната тишина на планините и, барем за момент, да заборавите дека постои свет надвор од тој мал универзум.
Малку повеќе магија на отворено
Надвор ве чека уште еден шатор – овој пат трансформиран во тивко место за читање или медитација. Исто така, има и камин, идеален за вечерни собири и измислување приказни под звуците на ветерот и пукањето на огнот.
Ако ве интересира каде точно се наоѓа
Ешвил е шармантен град полн со уметност, локална храна и добра енергија, а е на само 10 минути возење од овој сместувачки капацитет, но гостите ретко сакаат да ја напуштат неговата магија.