фото: EPA/LUKASZ GAGULSKI

ВИДЕО | Исланѓаните не можеа ништо против „магијата“ на Дончиќ: Важна победа за Словенија на ЕП

Словенечката кошаркарска репрезентација обезбеди пласман во осминафиналето на Европското првенство, откако денеска го победи Исланд во четвртото коло со резултат 87:79.

Во првото полувреме се играше целосно израмнето, а Исланѓаните имаа огромна предност во првата четвртина, не толку во однос на постигнувањето поени, бидејќи Лука Дончиќ имаше три прекршоци. Сепак, Словенците ја добија првата четвртина во своја корист со еден поен разлика.

И во втората четвртина имаше мала разлика, а резултатот на полувремето беше 36:35 во корист на Словенија.

Третата четвртина ја одбележа Дончиќ, кој постигна 10 поени и му донесе на својот тим двоцифрена предност на крајот од +14 (60:46).

Сепак, Исланѓаните не се предадоа и со неколку тројки на почетокот од последната четвртина се вратија во игра и се доближија на само пет поени негатива, но Словенија го имаше одговорот и оствари важна победа.

Лука Дончиќ повторно беше најдобар со учинок од 26 поени и седум скока. Од друга страна, одличен беше и Мартин Хермансон со 23 поени и шест асистенции.

Во следното коло Словенците на на 4 септември ќе играат против Израел, додека Исланд за противник ќе ја има Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!