
ВИДЕО | „Искрено ме засака“: Вака Масимо Савиќ зборуваше за својата Ени, жената со која се сакаа три децении
Хрватската музичка легенда Масимо Савиќ, кој почина на денешен ден пред две години, беше во брак со сопругата Ени Кондиќ повеќе од 30 години. Пејачот секогаш отворено зборуваше за љубовта кон неа и ја користеше секоја прилика да потенцира дека таа му е најголема поддршка во животот. Ена е авторка на голем број негови песни, а со неа ја доби и ќерката Мирна Савиќ.
Препорачано
Своевремено Масимо Савиќ гостуваше во емисијата „Шта сам теби и ко сам себи“ („Што сум ти на тебе и кој сум на самиот себе“) на српската телевизија К1. Во разговорот со водителот Иван Станковиќ, тој, меѓу другото, зборуваше и за својата Ени.
„Фала му на Господ што во мојот живот влезе мојата сопруга, која е од семејство на интелектуалци, а јас бев од дисфункционално семејство. Таа е од едно мирно, драго семејство – вистински интелектуалци. Таа имаше многу големо трпение за една будала како мене. Искрено ме засака и се сакаме и ден-денес, а се сакаме сѐ повеќе и сѐ повеќе. Како во песната ‘Индија’. Таа самата напиша во ‘Индија’: ‘…и кога ќе бидеш стара, ти ќе ми бидеш иста – моја’. Јас не го гледам скафандерот кој се менува на неа. Јас само ја гледам личноста која е во неа, во тој скафандер кој ние го нарекуваме кожа и структура“, раскажа пејачот.
View this post on Instagram
„Ние живееме како студенти. Ние гледаме филм до три, четири часот наутро, па потоа разговараме, чекаме да се раздени. Како балавандери. Нашата ќерка е многу посериозна личност од нас и знаеме многу да ја налутиме и изнервираме. Таа не живее со нас, но токму затоа и не живее со нас, бидејќи ние сме малку побоемски ориентирани“, додаде Масимо.