Јована Тренчевска/Фото: Методи Здравев

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Во државава има пет државни старски домови и 40 приватни

Колку домови за стари лица има во државава, како се стигнува до нив, која е цената, но и дали се доволни одговор бараме од првиот човек на Министерството за труд и социјална политика министерката Јована Тренчевска. Во утринската емисија на „Слободен печат“ на Слободна ТВ, Тренчевска вели дека грижата за стари лица не треба да биде само една недела во годината.

– Градењето на старски општински домови е во надлежност на министерството за труд и социјална политика, а потоа ги предаваме во надлежност на општините. Ние само градиме, а потоа одржувањето, управување и грижата се на општините. Има стандарди како треба да изгледа еден дом. Имаме 5 домови во моментов општински, еден се гради во Пробиштип и еден е во најава во Кавадарци. Се повеќе се отвараат приватни домови и се покрива цела држава со нив. Има 40 во моментов, Битола, Струмица 3 домови Радовиш, Неготино и најмногу во Скопје- вели Тренчевска.

Според неа во општинските старски домови по критериум се сместуваат лицата кој го одредува државата, а министерството со социјалните инспектори ја прави контролата на работењето.

-Општината ги утврдува цените за сместување на нејзините домови, а приватните цената ја формираат во зависност од условите кои ги нудат. Тука немаме влијание. Само надлежноста ни е во контролите. Ние ги контролираме со редовни и вонредни надзори. Кај нас претставките се околу грижата. Ако плаќаме бараме и услуга да биде соодветна. Има домови со високи цени. Ние кога е родител во прашање бараме услови, да се соодветни со цената. Мора да има доволен број на негователи медицински лица, има недостиг на кадар- вели Тренчевска.

Целото интервју со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот