
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Шола: Сакаме на трговците и на потрошувачите да им кажеме да се потпираат едни на други зошто не можат еден без друг
Минатата недела во Загреб во организација на Центарот за мирно решавање на спорови „МЕДИАТОР“ беше одржана годишна конференција за решавање потрошувачки спорови со меѓународно учество. Оваа конференција е дел од проектот на ЕУ „Решавањето на потрошувачки спорови преку медијација ја зајакнува довербата на потрошувачите и трговците на мало“, каде што учествуваа медијатори од регионот.
Препорачано
Намерата на организаторот Центарот за помирување „МЕДИАТОР“ од Загреб преку организирање на оваа конференција беше да укаже на потребата од користење на медијацијата како постапка наместо страните да одат во судска постапка и промоција на медијацијата пред граѓаните и компаниите за нејзините предности и вредности.
-Со учество на медијатори од Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и домаќинот Хрватска наша цел беше да ја промовираме медијацијата во решавање потрошувачки спорови. Според мене станува збор за култура на однесување на луѓето како потрошувачи како да пристапат во решавање на спор кога не се задоволни од производот купен од трговците. Медијацијата е вистинска можност за решавање на спорот меѓу две страни, а сметаме при потрошувачки спор, одлуката да се решава спорот со медијација е добар избор и правилно решение. Страните може на квалитетен начин да дојдат до решение за кое ќе се согласат двете страни и ќе бидат задоволни од конечниот исход. Со проектот насловен „Решавањето на потрошувачки спорови преку медијација ја зајакнува довербата на потрошувачите и трговците на мало“, сакаме на трговците и на потрошувачите да им кажеме дека се потпираат едни на други и дека не можат еден без друг. Кога доаѓа до нарушување на односите меѓу трговецот и потрошувачите е потребно да се најде механизам и постапка како на брз и ефикасен начин да се врати довербата меѓу нив. Ова го изјави Стипе Шола, медијатор и Претседател во Центарот за помирување „МЕДИАТОР“ од Хрватска.
Решавањето на потрошувачките спорови во Македонија е во иницијална фаза и трговците и потрошувачите се уште не се определуваат спорот да го решат со медијација.
Во Србија пред една година беше донесен соодветен закон и искуствата се уште се скромни, но затоа оптимизмот кај медијаторите е голем дека во наредниот период преку информирање на граѓаните и трговците може да се определат за медијација при решавање спор.
-Ми беше чест што бев панелист на Конференцијата во Загреб на која говорев за потрошувачките спорови. За мене беше битно да истакнам какви се односите во Србија при решавање спорови со медијација, каква е регулативата за решавање на потрошувачки спорови и да го пренесам личното искуство. При размената на мислење со колегите од регионот дојдовме до заклучок дека многубројни работи се заеднички или лични кога се говори за медијацијата. Сега во Србија е задолжителна постапката потрошувачките спорови да се решаваат со медијација. Наша задача е сега да ги запознаеме не само потрошувачите, туку и трговците, како и целокупната заедница за можноста што ја имаат при постоење спор да го решат со медијација. Како Институт за медијација, преговарање и јавна политика ние сакаме и остваруваме средби и контакти со сите релевантни институции во државата, како што се комори, други асоцијации, образовни институции и граѓански сектор со цел да ја промовираме медијацијата и да укажеме на законските можности од користење на медијацијата. Во Србија се уште кај мнозинството од граѓаните доминира ставот да не ја користат медијацијата затоа што не се доволно запознаени со нејзините предности. Преку јавните настапи и средби со граѓаните ќе се обидеме да направиме напредок во развојот на медијацијата која за прв пат започна да се применува по донесувањето на законот од 2005 година. Ова го изјави Милан Криловиќ, магистер по право, медијатор, сертифициран тренер за обука на медијатори од Србија во емисијата Утрински печат на Слободна ТВ.
Целиот разговор со Стипе Шола и Милан Криловиќ погледнете го во видеото: