ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Шкриељ: Разбирлива е емотивната реакција на луѓето кои бараат смртна казна, но треба да останеме во рамките на правниот систем

Санела Шкриељ, пратеничка од СДСМ/Фото: Слободен печат

„Разбирлива е емотивната реакција на луѓето во вакви случаи, кога станува збор за деца. Природна и емотвна реакција е да бараме најстрога казна. Незамисливо е како некој може да помисли, а не пак да направи и убие дете. Тоа е емотивна реакција, но да остаеме во рамки на тоа што значи правен систем“ рече пратеничката од СДСМ, Санела Шкриељ запрашана за иницијативите на граѓаните за воведување на смртна казна во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Градска.мк“.

Таа додаде дека од првичното соопштение, казната затвор за делата за кои се теретат осомничените е до доживотен затвор.

„Битно е во овие моменти да се обидеме да се држиме до она што значи цивилизиран правен поредок и да не предизвикуваме ширење на оската на насислтво. Во вакви ситуации лесно има поттикнување на насилство и тоа зборува за сериозни проблеми“ рече Шкриељ.

Пратеничката додаде дека треба да се свртиме кон едукација за меѓучовечки и ненасилни односи и дека тоа треба да започне уште од предучилишна возраст.

„Потребно е да има казни за тие што ги прекршуваат делата, да имаме доследност. Да имаме постапки што не траат бесконечно долго, да имаме добра квалификација на делата од Јавното обвинителство и судски пресуди кои одговараат на делото што е извршено“ рече Шкриељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот