Мери Младеновска Ѓорѓиевска - адвокат / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Мери Младеновска Ѓорѓиевска: Корупцијата е најголем проблем во функционирањето на судската власт

Нивото на политичката и правната култура во општеството, а посебно меѓу политичките субјекти низ соодветни примери и модели е пожелно да се негува и развива за одредено однесување на граѓаните.

-Во секоја држава многу е важна политичката култура што подразбира и вклучува одговорност на политичките партии, а посебно на власта спрема партиите во опозиција и сопствените гласачи. Практично тоа значи законите што ги предлага Владата да бидат подржани од мнозинството што и дало доверба на владата и од пратениците на опозицијата. Потребна е искрена и континуирана работа во меѓусебното однесување за да се дојде до најдобрите решенија. Ако постои антагонизам меѓу политичките субјекти на високо ниво не очекувам да дојде до соработка меѓу нив и до ршенија во интерес на граѓаните. Ова го истакна адвокат Мери Младеновска Ѓорѓиевска,  поранешен министер за правда во периодот кога Собранието се одважи и ги изгласа уставните измени во областа на правосудство.

Граѓаните бараат правда во континуитет, а судството пред да дојде оваа власт беше заробено, но истовремено толку очекуваната правда ни со промена на власта не се случи, како што бараа граѓаните. Правосудниот систем, според оцена на релевантни организации е на најниско ниво што може да биде.

-При анализата на состојбата во правосудниот систем не може да се даде едноставен одговор. Таа слика што ја имаме за правосудниот систем е поврзана и е во контест со општествената слика или со она што се случува во општеството. Реално гледано, демократскиот амбиент во секоја држава, пред се зависи од однесувањето на извршната власт. Оваа оцена не ја исклучува законодавната власт која ги донесува законите, а неспорен факт е дека позицијата на извршната власт е доминантна. За овие 30 години имаме големи разлики во она што подразбираме под демокртатски амбиент. Сега неколку години по промената на власта, можам да констатирам дека граѓаните не добија промени во правосудниот сектор, каккви што беа нивните очекувања од власта на која и ја дадоа довербата. Факт е дека не се направени големи реформи во судската власт, но вината не смее да се префрли само на судиите. Имам искуство со судии кои не се претставуваат во јавноста дека се судии каде што не ги познаваат за да не го трпат разочарувањето и незадоволството на граѓаните кога би разбрале што работат. Верувам дека ќе се согласите дека голем проблем во денешното функционирање на судската власт е корупцијата, но не само во таа област. Сметам дека корупцијата ја има и во другите видови власти, а посебно во извршната, како и во општеството во целина. Решението на овој проблем ќе уследи само кога општата констатција за корумпирани судии ќе биде заменета со конкретно наведување на лицето што се огрешило од законот- истакна адвокатката Мери Младеновска Ѓорѓиевска во гостувањето во емисијата „Утрински печат“.

Пожелно би било судијата јавно да искаже мислење во одбрана за себе, за својата работа, за своите колеги и за целината на правосудниот систем дека изнесените оцени и констатации се неточни и се тенденцозна лага. Во тој контекст да ја продолжи изјавата со зборовите „судството не е коруптивно, туку дека судиите донесуваат пресуди без притисоци и врз основа на законите“.

-Во секоја демократска земја очекувано јавно изнесено мислење и однесување е кога судијата ќе каже дека донесената пресуда е врз основа на закон. Меѓутоа, реалноста во Македонија. која се провлекува повеќе децении е дека сите важни општествени прашања за кои треба да дискутираме како граѓани се препушттени на политичките партии. Девалвирањето на вредноста на политиката придонесе граѓанинот да не сака да учествува во политичкиот живот со сопствено ангажирање, вели Младеновска Ѓорѓиевска.

Целиот разговор со Мери Младеновска Ѓорѓиевска погледнете го тука:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот