Фото "Слободен печат" Здравев Методи

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ| Меџити: Клинички центар ќе добие три катни гаражи

Откако седнал на министерсткото столче веднаш се зафатил со решавање на паркинг просторот на комплексот „Мајка Тереза“. Ветува три катни гаражи кои ќе го решат паркирањето во Клиничи центар, најавува реорганизација на цел кампус, смена на директори, поставување на раководители. Во Утрински печат на Слободна ТВ за сите проблеми во здравството разговаравме во министерот за здравство Фатмир Меџити.

-Уште кога дојдов на функција веднаш се зафатив со решавање на проблемот со паркинг просторот на Клинички центар. Превземавме се што е во наша можност, имаше физибилити студија за решавање на паркингот. Ветувам пред граѓаните три катни гаражи на Клинички центар, прва од нив до Нова година. Една гаража ќе биде кај „Клиниката за гиникологија“, втора кај Хелиодомот, третата кај „Инфективна клиника“ на местото на модуларната болница- вели Меџити.

Негов фокус откако станал министер е отстранувањето на модуларната болница кај Инфективна клиника. Што ќе се случи со модуларната болница министерот не знае, не размислувал за тоа. За малку повеќе од 100 дена колку што е министер за здравство, Меџити се вели дека решил еколошка катастрофа на Клинички центар, тргнал 40 хаварисани возила.

-Најголем проблем во здравство беше организација на кампусот „Мајка Тереза“ и тоа сите знаат и лекари и пацинтти дека тоа не функционира воопшто- вели Меџити. Имаме проблеми во здравство постојано, тоа е жива материја и нормално е да има такви проблеми. Организацијата е прв проблем кој треба да се реши- вели Меџити.

За злоупотребата на функцијата директор. Вели дека комисиите кои биле на терен имале многу забелешки. Вели дека злоупотреба во работењето имало и ќе има. До овој момент има 20 разрешени директори- медицински и организациски директори, а ќе има уште контроли и разрешувања. Вли дека Кардиохирургија ќе добие нов директор за кратко.

– Од Нова година ќе има еден директор на Клинички центар, а а останатите ќе бидат раководители на одделите на клиника. Едвај чекам да се спои цел кампус и да ги снема заедничките служби и организациските директори. Заедничките служби се должни над 20 милиони евра, а никој до сега не ги контролирал и не се загрижил зошто е тоа така- вели Меџити.

Заедничките служби имаат задача да ги снабдуваат сите клиники со одредени лекови, да го средуваат Клинички центар, да го организираат целосното работење на клиниките, на паркинзите на зелените простори, кујната и пералната. Загубите кои се направени од Заедничките служби се огромни.

-Само за кујната должат 4 милиони евра. Нема хиерархија никаква на клиника. Не се знае кој чисти, кој снабдува, доктори не доаѓаат на прегледи. Мора нова организација да се направи, еден или двајца директори треба да има на цела кампус за да функционира тоа. Заедничките служби пополека ќе се решаваат- вели Меџити.

За лекарските грешки ветува дека ќе докаже дека секој треба да превземе одговорност за она што го прави. Објаснува дека Клиничките болници во Тетово и Битола се во страшна катастрофална состојба.

-Со одговорност тврдам дека ќе се губат лиценци доколу има лекарски грешки. Околу недостигот на лекови, можам слободно да кажам дека тоа е надминато. Секојдневно растат бројките на заболени и клиниките не можат да се предвидат и да набават доволно лекови- вели Меџити.

На прашањето околу кражбата на лекови, Меџити вели дека и тој неофицијално слушнал, но ветува дека секој кој ќе биде фатен ќе биде санкциониран.

-Фалат доктори и сестри на скоро сите клиники. Но ова е проблем на преходните директори. Не планирале кога и како да се вработи, која специјализација е потребна и да се работи на тоа. Така сега има недостиг од сите профили- вели Меџити.

Со министерот разговаравме за ажурирање на позитивната листа на лекови, за превенцијата како заштита од болести, но и на многу други теми.

Гледајте го целото интервју на Слободна ТВ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот