ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Лукаревска: Ќе победиме на изборите со широк проевропски фронт против антиевропскиот, предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Сања Лукаревска, потпретседател на СДСМ/Фото: Методи Здравев

Заменик претседателот на СДСМ Сања Лукаревска во Слободен печат рече дека СДСМ има две опции за настап на претстојните избори за кои се размислува, а тоа е заеднички настап со владините коалициски партнери на заеднички листи, но како опција е можен и самостоен настап.

-Доколку зборуваме за заеднички листи имаме еден заеднички именител, а тоа е европската агенда. Тоа е нашиот европски фронт и секој оној што е на иста линија со нас во делот на европските вредности, стандард за граѓаните, економски развојни политики е добредојден во тој фронт. Од друга страна гледаме дека постои и антиевропски фронт со кои имаме дијаметрално спротивни гледишта на она што е актуелна политичка состојба на она кој и мисли добор а кој не на државата, така штто сметам ќе биде отворена борба помеѓу она што значи државата да оди напред и она штоо значи да застанеме и осстанеме во место па дури и да се вратиме назад. СДСМ е предводник на тој европски фронт исто како што видовме дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица ќе бидат предводници на антиевропскиот фронт и тука дилемата е разрешена, вели Лукаревска.

Лукаревска смета дека таква европска егенда е видлива и кај опозициските партии на Албанците и затоа и тие се исто така добредојдени во проевропскиот фронт.

Според Лукаревска во јавноста се отвори една дилема и се зборуваше за две можни опции.

-Едната е заеднички листи со ДУИ и Алијанса, кои се наши актуелни коалициски партнери, значи да одиме на една листа или пак да одиме посебно со посебни листи меѓутоа европската приказна да биде заедничка и за двете опции. Значи за нас како СДСМ посебно со парламентарната коалиција меѓутоа и за ДУИ и за Алијаса посебно како наши владини коалициски партнери. И ова е тема и дилема и предизвик на кој тереба да разговараме во наредниот период, изјави за „Слободен печат“ заменик претседателот на СДСМ Сања Лукаревска.

Целото интервју со Сања Лукаревска погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот