
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Илија Џугуманов, Евроатлански совет: Да научиме како да ја читаме суштината на вестите, а не само површно да се информираме
Денеска дезинформациите и целата таа пропаганда создадена од нив можеме да ја разбереме како безмалку вистинско оружје со кое денес се војува. Има повеќе статистики кои говорат дека медиумската писменост во земјите во ЕУ а особено на Балканот меѓу кои и во Македонија, Србија и Црна Гора се намалува, што говори дека ваквата состојба се должи пред се на зголемената дезинформациска кампања која што го доживеа својот подем со пандемијата на Ковид-19 но и особено сега со војната во Украина. Во тој контекст сметам дека брзината со која што денес се шират дезинформациите преку дигиталните платформи и онлајн медиумите влијае врз граѓаните тие да се чуствуваат уште поконфузно во неможност длабински тие да се информираат правилно. Ова меѓудругото го истакна Илија Џугуманов од Евроатланскиот совет на Македонија при неговото гостување во емисијата „Утрински Печат“.
Препорачано
Според Џугуманов состојбата со дезинформациите и пропагандата во Северна Македонија и регионот, говори дека одреден дел од медиумите во земјава се подлежни на дезинформации од одредени медиуми и поединци кои ги промовираат интересите на Москва.
– Според податоците од истражувањето на Евроатланскиот Совет, 49,9% од младите во земјава сметаат дека македонското општество не е отпорно на лажни вести и дезинформации, додека позитивен одговор дале околу 19,6%, а 30,5% пак од младата популација смета дека општеството делумно е отпорно. Во исто време истражувањето покажува дека 92% од младите се убедени дека тие со лажни вести се среќаваат многу често и тоа на дневна или на неделна основа. Сево ова говори дека онаа млада популација во земјава не е запознаена доволно со медиумска писменост – посочи Џугуманов.
Секретарот на Евроатланскиот совет Џугуманов вели дека за овие релативно слаби податоци во македонското општество во насока на препознавање на невистинити најмногу вина има долгогодишниот застој на земјава на патот кон евроатланските организации, кој пак во исто време допринесува за дополнителна поларизација на општестово во секоја сфера.
– Динамичното време на живеење не ни дава доволно простор да провериме дали информацијата која е добиваме е вистинита или можеби е зачинета од дезинформациските кујни. Повозрасните генерации некако секоја вест која ќе ја видат не медиумите ја сфаќаа народски речено здраво за готово, додека пак младите се помалку им веруваат на традиционалните медиуми и повеќе се насочуваат во информирањето од онлајн просторот. Овој простор во исто време е океан на најразлични дезинформации и ширење на пропаганда бидејќи самите начини на регулирање на интернет просторот се малку покомплицирани и тешки за државните институции – истакна Џугуманов.
Тој осврнувајќи се на тоа како оваа проблематика се сузбива на Балканот истакна дека сите земји кои доаѓаат од посткомунистичкото поранешно уредување се најмногу подложни на руската пропаганда. Тоа според Џугуманов е така пред се култоролошките сличности кои овие земји ги имале со Русија во минатото.
– Имаме доста интензивна соработка последните години со сите Евроатлански сојузи од регионот особено со Србија, Црна Гора, БиХ и Албанија. Популацијата во Србија според истражувањето на Демостат и Евроатланскиот совет на Србија покажува дека медиумскиот простор во земјата е понеутрален, бидејќи оваа земја е нетрална држава и информациите во неа стигаат и од Истокот и од Западот. Во исто време живееме во едно демократско општество во кое нашите држави се решија да стават одредена цензура кон медиумите од Москва што за мене е оправдана одлука. Меѓутоа Србија како воено неутрална земја тоа не го стори и во неа се пристунти меѓудругите и руските медими. Ова им дава на српските државјани еден поширок спектар на достапни информации од сите страни што пак во меѓувреме се користи од Кремљ за пласирање на свои наративи и политики токму преку руските медиуми во соседна Србија – појаснува Џугуманов.
Според него, потребно е да се работи на развивање на дигиталните вештини кај граѓаните, а посебно кај младите – инкорпорирање на медиумската писменост во формалното и неформалното образование со цел да се зголеми знаењето, свеста и разбирањето кај граѓаните за начините за спротивставување на лажните вести, дезинформациските наративи, пропагандата и теориите на заговор.
– Подобра комуникациска стратегија на сите државни институции, посебно во време на кризи, со цел навремено и точно информирање. Со тоа би се лимитирал просторот за ширење на дезинформации. Исто така, потребна е поблиска соработка и централизиран пристап на државните институции, на локалните и меѓународните НВО и организации во борбата против современите дигитални закани – истакна Џугуманов.
Повеќе од разговорот со Илија Џугуманов погледнете во видеото во продолжение…