Драган Б. Костиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Драган Б. Костиќ: Ликот се менува, но гласот ми останува

Во новата епизода на „Слободно со Агнеса“ ќе се освежиме со еден од највпечатливите и најиконичните гласови на македонското радио, кој многу лесно може да го препознаете – Драган Б. Костиќ.

Со својата неповторлива харизма, длабок глас и бесконечни приказни тој успеа да создаде уникатна врска со слушателите, која трае веќе 54 години.

– Ден-денеска среќавам луѓе кои може нема да ме препознаат по лик, ликот се менува, но гласот ми останува – вели Драган.

Драган Б. Костиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тој е човекот кој со својот глас и емисии инспирираше генерации, меѓу кои „Заборави ако можеш“, „Диско селектор“ итн.

– Ти цел ден чекаш четврток и држиш два прста на касетофон да снимиш најнова музика која е во овој момент во Англија, и таман ти оди песната, а јас имам џингл „Диско селектор“ и среде песната кога ќе го залепат џинглот и не можеш да се фалиш дека е твоја музика, ти велат „Си ја симнал од радио“… А, уживаа илјадници луѓе во неа. Таа беше едукативна, информативна, забавна, во секој поглед претставуваше музика која не можеше лесно да се набави, затоа што немаше време да седиш на Јутјуб, а јас сум тој кој треба за тебе да ја наоѓа и да ти ја претстави – раскажува Драган.

Неговата посветеност кон музиката и радиото го направи Костиќ еден од највлијателните музички новинари и диск-џокеи во регионот.

Роден во скромно семејство, уште од млада возраст покажал огромна љубов кон музиката. Оваа страст го водела низ многу предизвици, подеми и падови, правејќи го она што е денес.

Драган Б. Костиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Неговите родителите биле големи вљубеници во музиката, па слушајќи ги разните жанрови во нивниот дом, се разбудила страста и кај него.

– Моите дома имаа супрофон, но јас не смеев да вртам музика, бидејќи дома требаше да се учи, нели, и јас под кревет слушав музика… ќе ставев околу перници за да можам тивко да слушам – вели Костиќ за „Слободен печат“.

Драган Б. Костиќ успеа да ја трансформира македонската радиосцена и да внесе свежина и иновација во неа. Неговото влијание е толку големо што многу млади музичари го гледаат како инспирација.

Не ги пропуштајте неизбежливите приказни и хумор на Костиќ, проследете го нашиот разговор на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот