ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Долстра: Скопје поделено со невидлива линија низ Центар, Лисиче најзагадено, Ѓорче помалку

Алекс Долстра/Фото: Слободен печат

Скопје е поделено со невидлива линија, едната страна на градот е многу загадена, а другата многу малку- вели брачниот пар Ива и Александер Долстра во утринската емисија „Слободен печат“ на Слободна ТВ. На прашањето која општина е најзагадена, Долстра велат дека сликата е многу различна.

– Тоа е многу интересно да се спомне. Кога ќе се види мапата на Скопје може да се утврди дека практично има линија која минува низ центарот на градот. Десно каде што почнуваат Аеродром, Лисиче, потоа Автокоманда, Кисела вода, загаденоста е огромна. Како што се оди полево накај Карпош, Влае, Ѓорче Петров, воздухот е почист. Состојбата е таква бидејќи овде се помаку се користат дрва за огрев, а се повеќе користат инвертори за греење или останати струјни тела- велат Долстра.

Целото интервју на Ива и Алекс Долстра погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот