ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Аголи: Католичката вера ја прифатив заедно со бракот

Маја Аголи/Фото: Слободен печат

„Слободен печат“ во поддршка на верските заедници во Македонија. Без разлика дали верувате во себе или во Господ, Алах, Синот и Светиот дух, се водите по Куранот, Библијата или Светото писмо, на крајот сте сепак човек, кој е дел од една заедница. Православен, муслиман, скиентолог, бектеш, дервиш, евангелист, католик или јудеист. Сите заедно треба да градат соживот и да се разбираат и да се прифатат меѓу себе. „Слободен печат“ ќе се обиде преку запознавање на религиите, да одговори на прашања кој како го слави Господ, кој што празнува, во што верува, како ја следи верата. Целта е да се запознаеме себеси, но и соседот, пријателот, познајникот кој е припадник на друга верска заедница или црква. Преку серијал од десетина епизоди се надеваме дека ќе придонесеме подобро да се запознаеме меѓу себе и да сфатиме дека на крајот сите сме исти.

Маја Аголи е католик откако стапила во брак. Родена како православен верник се мажи во католичко семејство, но свекорот е припадник на муслиманската заедница. Таа ја прифаќа и едната и другата вера, но станува католик бидејќи и е поблиска вера до нејзината, крстена е во црква.

-При самото венчање, со презимето кое ми се допаѓаше многу, ја прифатив и верата. Во нашето семејство има три религии. Јас бев православна, но ја прифатив и католичката и муслиманската. Ја почитувам и религија на свекорот, тој е Турчин. Но повеќе одевме во христијанската католичка црква, бидејќи сме крстени во црква- вели Аголи.

Маја Аголи/Фото: Слободен печат

Кога го запознала сопругот знаела дека тој потекнуува од семејство во кое се почитуват двете религии, католичка по свекрвата Хрватка и муслиманска по свекор Турчин.

– Бев на гости, се запознавме и за кратко време стапивме во брак. Не ми пречеше ништо. Не сум имала проблеми со семејството, кој што си сака слави, славиме Божиќ, сме славеле и Бајрам, значи немало проблем. Свекорот беше човек со култура, свекрвата е од Хрватска, тука немало проблем. Децата ми се крштевани, две ми се во православна црква, најмалото ми е во католичка црква. Ете, да нема поделба- вели Аголи.

Кога почнала да оди во католичка црква сфатила дека кај нив зближувањето со Христос, и празничните денови скоро и да не се разликуваат од православната црква.

– Нема некоја разлика, поразлични се со децата, сакаат да одат напред. Тоа што ми се допаѓаше, има веронаука за децата, тие учеа странски јазици, тоа мислам беше голем чин, доаѓаше Папата…На седми јануари ние го славиме православниот Божиќ во каточичката црква. Исто како во православна, и молитвите се исти, само разликата е во мисата на католичката црква, а во православната црква попот одржуба богослужба. Начинот на молење е различен, бидејќи во православната црква сите стоиме, а во католичката има клупи и столици. И во католичката црква се слави Божиќ, Велигден и Св. Никола, и ние постиме за Божиќ и Велигден- вели Аголи.

Додека и биле помали децата била поактивна во католичката заедница. Нејзините деца го слават и православното, но и католичкото. За Бадник нема палење на оган како во православната црква.

-Сите вери имаат своја убавина, секој верник не треба да ја дели верата бидејќи секоја вера има своја убавина- вели Аголи.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот