фото: EPA-EFE/STRINGER

ВИДЕО: Интер го освои Суперкупот на Италија откако во финалето го совлада Наполи во Ријад

Фудбалерите на Интер го освоија италијанскиот Суперкуп, откако вечерва во Ријад, Саудиска Арабија, во финалето го победија Наполи со 1:0.

Играчот на Наполи, Џовани Симеоне во 60 минута доби втор жолт картон и го остави својот тим со играч помалку.

Во судиското надополнување, односно во 91 минута Лаутаро Мартинез го постигна победничкиот гол на асистенција на Бенжамен Павар.

Наполи до финалето стигна победувајќи ја Фиорентина со 3:0, додека во второто полуфинале Интер со истиот резултат го победи Лацио.

Ова е осми трофеј за миланскиот клуб во ова натпреварување, а воедно и трет по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот