Игор Џамбазов / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО | Игор Џамбазов жртва на вештачката интелигенција: Прикажан во инвалидска количка, обвинет за напад на фармацевти

Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов стана жртва на вештачката интелигенција, во видеото кое се појави на социјалните мрежи каде е прикажан во инвалидска количка и е обвинет за напад на претставници на фармацевтските компании.

Имено, видеото кое и самиот актер го објави на својот инстаграм-профил е компилација од фотографија од Џамбазов во инвалидска количка, видео со негова лажна изјава, како и исечок од тепачка во собрание. На видеото е прикажано како оваа вест ја пренесува новинарка од телевизија Телма, опишувајќи ја целата ситуација која всушност е измислена.

„Актерот Игор Џамбазов се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи по скандалот пренесуван во живо кој ја потресе целата земја. Тој се нафрли со тупаници врз група фармацевти, нарекувајќи ги ‘група бандити во бели мантили’, окако тие го забранија третманот на доктор Илир Демири, средство за кое актерот вели дека лично го спасило од инвалидска количка…“, се вели во видеото.

На ова видео генерирано од вештачката интелигенција, Џамбазов изреагира остро.

„Е не сте нормални…вие што го смисливте ова. Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни луѓе! Имате ли ум вие воопшто? Оти мозок немате, евидентно. И да, заборавив. Срам да вие ! И арам!“, напиша актерот покрај лажното видео.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

 

„Имаше очи што зборуваат, а под нив една насмевка вредна вечност“: Игор Џамбазов се прости од Сара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот