Фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

ВИДЕО: Ибра со „ножички“ го освои Удине, Несторовски не доби шанса против Милан!

Во денешниот прв натпревар од неделната програма во шестото коло на Серија А, Милан триумфираше со 1:2 против Удинезе. За составот од Удине иако беше на клупата за резервни играчи не доби шанса за настап македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Повторно херој на „росонерите“ беше Златан Ибрахимовиќ кој го постигна победничкиот гол на средбата. Најпрво во 18 минута Швеѓанецот асистираше до Кесје кој успеа да донесе минимална предноста со која се замина на паузата.

Но, на стартот од вториот дел пенал за домаќините, прекршок во казнетиот простор направи Ромањоли, прецизен од белата точка беше Де Пол за израмнување.

 

Во 83 минута домашната одбрана не реагираше најдобро, тоа го искористи Ибрахимовиќ реализирајќи со „ножички“ од непосредна близина за конечни 1:2.

Клубот од „Сан Сиро“ останува на првото место на табелата во најсилното италијанско првенство со 16 бода, воедно и натаму без пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот