Фото: EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

ВИДЕО | Иако сите го очекуваа нејзиниот настап, Селин Дион не се појави на сцената на Евровизија 2025

Иако сите со нетрпение очекуваа да видат дали музичката дива и победничка на Евровизија во 1988 година, Селин Дион, ќе се појави за време на првата полуфинална вечер на Евровизија 2025 во Базел, тоа не се случи.

Наместо нејзиниот настап, објавена е видеопорака во која им изразува поддршка на сите натпреварувачи.

Иако преговорите траеја до последен момент, поради болеста, Селин не беше во можност да настапи.

„37 години подоцна, беше прекрасно да се види Швајцарија како повторно победува и како е повторно домаќин на Евровизија. Ви благодарам за вашата љубов, бидете горди како што сум и јас“, рече Селин.

Канадската пејачка ја претставуваше Швајцарија на Евровизија во 1988 година и победи, а потоа стекна светска слава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот