Лазар, синот на Аца Лукас/Принтскрин/Јутјуб
Лазар, синот на Аца Лукас/Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | И да врне и да вее, на свадба се пее: Се ожени синот на Аца Лукас

Синот на фолкерот Аца Лукас, Лазар денеска се заколна на вечна љубов со саканата во црква во белградската населба Карабурма.

Како што пишуваат српските медиуми, таткото и мајката на зетот блескаат од гордост, а Лазар не ја симнува насмевката од лицето, сватовите пијат ракија, и сите се весели.

Забавата започна многу весело и покрај лошото време, па пред црквата младенците беа пречекани со факели и трубачи. Во текот на денот се очекува спектакуларна прослава. Иако снегот вееше, и српското знаме беше неизоставен дел од традицијата, каде беа пречекани младите.

На свадбата биле поканети Драгана Мирковиќ, Светлана Ражнатовиќ, Саша Матиќ, Ацо Пејовиќ и многу други.
Каква е атмосферата, можете да видите на видеото:

Нека им е со среќа на младите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот