фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

ВИДЕО: Хрватска е првиот финалист во Лигата на нации, „лалињата“ овенаа во Ротердам

Во првото полуфинале од завршниот турнир во Лигата „А“ од Лигата на нации во Ротердам, репрезентацијата на Хрватска по продолженијата ја совлада Холандија со 4:2.

По првото полувреме водеа „лалињата“ со голот на Мален реализиран во 34 минута од средбата. Израмнија Хрватите во 55 минута со погодокот на Крамариќ кој беше прецизен од белата точка.

Во 72 минута играчите на Златко Далиќ дојдоа и до предност преку Пашалиќ по асистенцијата на Иванушец.

Во самиот финиш од регуларниот дел Холанѓаните стигнаа до израмнување преку Ланг (90+6`) кој се избори за продолженија.

А во дополнителните 30 минути хрватската селекција успеа да постигне два гола, најпрвин во 98 минута преку Петковиќ, а сите дилеми ги реши Модриќ од пенал во 116 минута. Хрватска можеше да пукне „петарда“ во холандската мрежа, но голот на Петковиќ во 122 минута беше поништен поради офсајд по ВАР снимката.

Противник на „коцкестите“ во финалето ќе биде подобриот од втората полуфинална пресметка која е закажана за в четврток помеѓу Шпанија и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот