Profimedia
Profimedia

ВИДЕО | Хрватката Сања Оукли е психотерапевтката на принцот Хари: Ова е терапијата со која му помогнала на војводата од Сасекс

Новите епизоди од емисијата, со која Опра Винфри и принцот Хари сакаат да ја подигнат свеста кај јавноста за проблемите со менталното здравје, открија една занимливост. Имено, најголема поддршка на војводата од Сасекс во личните борби му дава една Хрватка.

Дека има проблеми со менталното здравjе и веќе четири години редовно оди на психотерапија, принцот Хари откри во емисијата „The Me You Can’t See“ на водителката Опра Винфри. А токму за потребите на таа емисија тој дозволи да го снимаат камерите во тек на една сесија од терапијата која се нарекува ЕМДР и која им помага на луѓето кои се среќаваат со разни проблеми, од чувство на немоќ, до недостиг на самопочитување.

Стручните лица на тоа поле, тврдат дека таквата терапија може да ги излекува пациентите побрзо од традиционалните облици на психотерапија.

ЕМДР институтот ја дефинира оваа терапија како „психотерапија која им помага на луѓето да се излекуваат од симптомите на емоционални неволји кои се резултат на вознемирувачки животни искуства“.

Во сето ова на Хари му помага психотерапевтката Сања Оукли, родена загрепчанка која ја напуштила Хрватска пред почетокот на војната и започнала живот во Лондон. Како што пишува „Дејли мејл“, 56-годишната Сања Оукли си заминала од Загреб кон крајот на 80-те години, пред да започне војната во поранешна Југославија. Со моминско презиме Шрекајс, Сања на 20 години се омажила за девет години постариот Џон Риџвеј во 1984 година во Вестминистер, но тој брак не успеал.

Среќата ја нашла со денешниот сопруг, 54-годишниот Адам Оукли, за кого се омажила во Ислингтон 1999 година. Двојката живее во куќа вредна 1,7 м илиони фунти во Масвел Хил, од каде таа секој ден патува до канцеларијата на „Риџент стрит“ во Лондон. Истиот медиум пишува дека Сања има 55-годишна сестра, Рената, судијка во Општинскиот суд во Загреб.

Во тек на годините таа многу време поминала волонтирајќи и помагајќи им на луѓето кои побегнале од Балканот поради војната и имале многубројни трауми. Многумина поради тоа ја прогласиле за еден од најдобрите и најголеми стручњаци на тоа поле. Со колегата Сијан Морган често патувала во Босна и Херцеговина со добротворното здружение „Траума ејд УК“.

Нејзината енергија е неверојатна, а нејзиното лице помага во полесно воспостување на контакт, што е половина од работата, поради што не ме чуди што и принцот Хари побарал помош од неа,  изјавил психотерапевтот Седин Хабибовиќ од Зеница, кој имал можност да работи со Сања.

Денес Сања зад себе има 20-годишно искуство во приватна пракса, но и во јавното здравство, во Велика Британија, остатокот од Европа и Америка. Интересно е дека својата кариера ја започнала во продажба и маркетинг во издаваштво и медиуми, по што се заинтересирала за психотерапијата и денес меѓу нејзините клиенти се угледни претседатели на управи и други бизнисмени, како и млади луѓе кои својот животен пат допрва го започнуваат, а своите услуги ги нуди во канцеларија или преку Скајп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот