Фото: Screenshot

ВИДЕО | Хит сцена: Сабаленка на ТВ емисија го помеша Алкараз со Синер

Победниците на САД Опен, Арина Сабаленка и Карлос Алкараз, беа гости во популарната американска телевизиска емисија „The Today Show“, но нивното гостување го одбележа еден интересен момент што ги насмеа сите во студиото и гледачите пред малите екрани.

Додека Белорусинката објаснуваше дека со Алкараз имале план да снимат заедничко видео на „ТикТок“, наместо името на Шпанецот, таа по грешка го изговори името на неговиот најголем ривал, Јаник Синер.

На ваквиот гаф на Белорусинката, шпанскиот тенисер не се налути и одлучи да се пошегува.

„Девет часот наутро е, па ќе ти простам. Сè е во ред“, искоментира Алкараз со насмевка на лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот