Изгореници од сонце / Фото: SGillard / Flickr

ВИДЕО | Хирург објасни зошто никогаш не треба да ја лупиме кожата што е изгорена

Изгорениците од сонце навистина не треба лесно да ги сфаќаме.

Ако ги прашате дерматолозите дали постои безбедно време за сончање, сите ќе ви кажат дека не постои и дека треба во секој момент да носите заштитен фактор за да избегнете изгореници.

Секое потемнување на кожата претставува нејзин обид да се одбрани, а секое црвенило на кожата ја зголемува можноста за добивање на меланом (рак на кожа) подоцна во животот.

Најопасно е ако изгориме во адолесцентниот период, а сончевите зраци се особено штетни за нежната детска кожа, на која може многу штетно да влијае.

Ако, пак, се случи да изгориме од сонце, д-р Драган Стојиќевиќ, хирур, на својот профил на ТикTок објасни што никогаш не треба да правиме со кожата кога црвенилото ќе исчезне и кога кожата ќе почне да се одвојува.

„Во никој случај не ја отстранувајте оваа кожа. Ако ја отстраните оваа кожа, може да дојде до инфекција, лузни или хипо или хиперпигментација“, вели д-р Стојиќевиќ.

„Она што се прави во овие случаи е оваа кожа да се третира како изгореница, со мелем што се користи за лекување на изгореници“, советува хирургот и вели дека ако вишокот кожа почне да се одвојува, може да се исече со стерилни ножици.

„Најлошиот дел од сè и од целата оваа приказна е дека ако дојде до изгореница со вакво одвојување на кожата, што е изгореница од втор степен, животната шанса за добивање рак на кожата се зголемува неколкупати“, заклучил лекарите во својата објава.

 

@draganstojicevicŠta se radi u ovim slučajevima? Kada izgorite na suncu

♬ Epic Music(863502) – Draganov89

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот