Инцидент во авион на Алјаска Ерлајнс/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Хаос на летот на Алјаска ерлајнс: Стјуард удира патник кој во напад на бес влечел жена за коса

Во авион на Алјаска ерлајнс кој летал за Портланд се случил инцидент при што стјуард во напад на бес удрил патник кој влечел жена за коса и не ја пуштал.

На снимката може да се види како стјуардот го удира патникот во градите и вратот додека една жена извикува „господине, пуштете ми ја косата“.

Откако стјуардот неколку пати го удрил патникот, тој изгубил свест неколку секунди и почнал да вреска.

Очевидец кој го објави видеото на X опиша дека човекот кој бил удиран со тупаници „зборувал неразбирливо и постојано се движел напред-назад“ пред инцидентот.

Поради инцидентот, авионот се вратил на аеродромот во Оукленд со полицајци кои го уапсиле човекот.

Во соопштението, Алјаска Ерлајнс го потврди инцидентот што се случи на 1 февруари и го пофали стјуард за неговите постапки: „Се чини дека човекот имал медицинска епизода, психоза која ескалирала во напад на други патници и членови на екипажот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот