ВИДЕО: Хамас објави видео од заседа во тунел во Џабалија, ИДФ негира

Тунелите на Хамас во Газа/Фото: EPA/ALI ALI

Хамас објави видео во кое тврди дека прикажува мртов израелски војник во тунел во Џабалија, а израелските вооружени сили (ИДФ) негираат дека се случил таков инцидент.

„Нашите борци направија заседа на ционистите во тунел. Откако биле намамени, тие се повлекле и предизвикале експлозија. Сите луѓе на непријателот беа убиени, ранети и заробени“, изјави за Ал Џезира портпаролот на вооруженото крило на Хамас.

Од своја страна, израелските вооружени сили соопштија дека немало ваков инцидент со земање заложници војници од терористите на Хамас.

Погледнете го видеото што го објави Хамас:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот