ВИДЕО: Хамас истрела серија ракети кон Тел Авив, по примирјето продолжуваат жестоките борби

Ракети / Фото: EPA-EFE/KCNA

Военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, лансирало бараж ракети кон Тел Авив, се вели во соопштението објавено доцна синоќа по локално време.

„Се истрелуваат ракети од Газа кон Тел Авив. Бригадите Ал-Касам го тресат Тел Авив со тешки ракетни рафали како одговор на израелските масакри во Газа“, стои над едно видео објава.

Ракетите биле истрелани од локација во северниот дел на Појасот Газа, според Изат ал Ришк, член на политичкото биро на Хамас.

Претходно синоќа израелскиот одбранбен систем „Железна купола“ пресретна најмалку десетина проектили над центарот на Тел Авив. Тоа беше втор круг закани над градот откако заврши примирјето меѓу Израел и Хамас.

Вчера израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ги напаѓаат областите на Појасот Газа кои не биле мета од почетокот на војната.

ИДФ гаѓа нови мети во Појасот Газа за целосна елиминација на Хамас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот