Грета Тунберг / Фото: Инстаграм / скриншот

ВИДЕО: Грета Тунберг повикува на протестната блокада против хидроцентралите на Кожуф утре

Активистката Грета Тунберг веќе втор ден е во Македонија и преку социјалните мрежи упати повик за приклучување на денешната дискусија во СЦ „Дуња“ именувана „Стоп за воената машинерија: Борбата против империјализмот и капиталистичките војни“, а притоа повика и на протестната блокада за спас на реката Дошница.

„Она што се случува во Газа не е изолирано од климатската криза. Тоа е истиот насилен систем изграден врз експлоатација, окупација и профит над животот. Јас сум во Скопје, а вчера македонскиот парламент гласаше против хуманитарна помош за Газа. Мора да застанеме солидарно, да се поврземе и спротиставиме заедно. Ќе се приклучам на дискусијава во ‘Дуња’ и протестната блокада утре во Дошница“, вели таа во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот