фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

ВИДЕО | Грција немоќна без Адетокумбо, Босанците останаа во игра за нокаут-фаза на ЕП

Кошаркарите на Босна и Херцеговина денеска ја победија Грција која беше ослабена поради отсуството на Јанис Адетокумбо, со резултат 80:77 во натпреварот од четвртото коло од Групата Ц на Европското првенство.

Грција го контролираше натпреварот до средината на втората четвртина, кога Босна и Херцеговина направи серија од 18:0 и на полувреме отиде со плус шест – 44:38.

По 30 минути игра, Босна и Херцеговина водеше со 61:52, а на почетокот на последната четвртина беше 66:52. Грција не можеше да ја надомести негативата до крајот, па Босанците остварија голема победа.

Ова е прв пораз на Грција на Евробаскетот по три победи по ред, па сега може да го изгуби првото место во групата ако загуби од Шпанија во последното коло.

Босна и Херцеговина сега е на учинок 2-2, но и натаму може да остане без пласман во нокаут фазата ако загуби од Грузија во последното коло.

Босна до победата ја предводеше Џон Роберсон со 18 поени, Јусуф Нуркиќ додаде 16, а Един Атиќ додаде 14. Во отсуство на полесно повредедниот Адетокумбо, кој почувствува болка во коленото пред мечот, прв стрелц во грчкиот состав беше Тајлер Дорси со 14 поени, а двоцифрен број поени постигна и Костас Слукас со 11.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!