ВИДЕО | Готвиме со Маја: Кето пилешко чили и кето салата

Популарната млада готвачка Маја денеска ви препорачува два одлични рецепта – кето пилешко чили и кето салата.  Погледнете како вештата и инвентивна Маја ги подготвува превкусните јадења.

КЕТО ПИЛЕШКО ЧИЛИ

Состојки:

– 2 Перутнина Птуј пилешки стекови

– 1 лажица маслиново масло

– 1 кромид

– 2 чешниња лук

– Везена пиперка

– 3  ½ Подравка кокошкина коцка

– 1/2 чаша павлака за готвење

– 1 лажиче ким

– 1 лажиче суво оригано

– 1/4 лажичка Вегета димен црвен пипер

– 1/2 лажичка сол

– 1/2 лажичка бибер

– 1 лажица крем сир

– 1 чаша кашкавал

Фото: Промо/Готвиме со Маја

Подготовка:

1. Пилешкиот стек се сече на коцки и се вари и се вади на страна.

2. Во водата каде што се вареше стекот се додава 1 Вегета Натур кокошкина коцка.

3. Водата се трга на страна.

4. Во друго тенџере на загреано масло се пржи кромид, лук и везена пиперка.

5. Се додава половина од варениот стек.

6. Зачините се толчат и се додаваат во месото.

7. Убаво се пропржува неколку минути и се додава водата со пилешката коцка.

8. Се остава да проврие 10 минути и се става павлака за готвење, рендан кашкавали крем сирење.

9. Се крчка околу половина час за да се згусне.

10. Се служи како чорба

КЕТО САЛАТА

Состојки:

– 2-3 листа марула

– 1/2 чаша смрзната брокула

– 1 чаша рендан карфиол

– Печурки

– 1 краставица

– Вегета Натур

– Вегета Маестро лук

– Вегета Маестро оригано

– Црвен пипер

– Лимон

– Сол и бибер

– Маслиново масло

Фото: Промо/Готвиме со Маја

Подготовка:

1. Во тава со масло се пржи другата половина од пилешкиот стек.

2. Се зачинува со Вегета Натур

3. Потоа се додава карфиолот и брокулата и убаво се пржи.

4. Се зачинува со лук, оригано и црвен пипер.

5. Се додаваат сецкани свежи печурки и се пржи уште неколку минути.

6. Салатата се сечка на крупни парчиња и се додава краставица на тркалца.

7. Во салатата се додава прженото месо.

8. Се зачинува со лимон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот