Пожар во рафинерија во Лос Анџелес/Фото: Икс

ВИДЕО | Голем пожар во рафинеријата „Шеврон“ во Лос Анџелес

Голем пожар избувна во рафинеријата „Шеврон“ во Ел Сегундо по силната експлозија во објектот во близина на Лос Анџелес, Калифорнија, објави денес „Лос Анџелес Тајмс“.

Пожарот бил видлив на километри околу градот откако полицијата соопшти дека избувнал во рафинеријата „Шеврон“ во Ел Сегундо.

Застрашувачките слики и видеа објавени од корисниците на социјалните мрежи го покажуваат ноќното небо зафатено од интензивен портокалов пламен со чад што се издига кон небото.

Властите немаат информации за повредени или евакуации поради пожарот, кој продолжува да гори.

Соседството Ел Сегундо се наоѓа веднаш јужно од аеродромот LAX, и останува да се види дали ова ќе влијае на воздушниот сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот