фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Голден стејт подобар од Хјустон во мајсторката

Стеф Кари постигна 14 од своите 22 поени во последната четвртина, Бади Хилд погоди девет тројки и постигна 33 поени, а кошаркарите на Голден стејт се пласираа во полуфиналето на Западната конференција од НБА плеј-офот со победа од 103:89 над Хјустон рокетс во седмиот решавачки натпревар.

Вориорс ќе играат против екипата на Минесота тимбервулвс во полуфиналето на Западната конференција.

Хилд погоди девет тројки од 11 обиди, поставувајќи НБА рекорд кога е во прашање седмиот натпревар од серијата и погодувајќи повеќе тројки од Рокетс, кои реализираа само шест од 18 обиди. Кари додаде 10 скокови и седум асистенции. Амен Томпсон беше најефикасен во редовите на Хјустон и постигна 24 поени.

Џими Батлер имаше 20 поени, осум скокови и седум асистенции за Вориорс, кои го подобрија својот учинок на 28-11 од неговото деби на 8 февруари по трејдот од Мајами.

Фред ВанВлит постигна вкупно 55 поени во последните два натпревари и му помогна на Хјустон да ја продолжи серијата. Тој го заврши натпреварот со 17 поени, шутирајќи шест од 13.

Шенгун забележа 21 поен и 14 скокови, Џејлен Грин, кој го предводеше Хјустон до победа во вториот натпревар со 38 поени, во мајсторката запиша само осум поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот